Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(17 оцени)

Животот ретко подарува втора шанса... На денот од првата годишнина од смртта на неговата сопруга, Итан Кели добива анонимна пратка со доверливи документи со почетна порака само од неколку зборoви

Твојата жена е жива.

Сè до тој момент Итан се исклучува и изолира потполно од сите, од своето семејство, пријатели, иако неговите браќа се обидуваат да го доведат во нивната специјална интернационална екипа – КГИ – но, вината, незимерната тага и каењето од неуспехот како сопруг се тежок товар кој го носи во своето срце и душа, сè до оној момент кога сè се променува од корен...

Оцена
(13 оцени)

Софи е болничарка, а работата ретко ѝ остава време за нешто друго. Таа станува болничарка најмногу поради пациентите, бидејќи може да разговара и да се дружи со нив за време на работата, не поради некоја посветеност или пак желба да негува други. Пациентите ретко зборуваат, а кога ќе почнат со тоа тогаш доаѓа времето таа да ги напушти, како и тие неа. Порaди нејзиниот стил и изглед многумина за неа ќе речат дека таа не изгледа како болничарка. Таа како да се родила со насмевка во очите.

Таа во болницата го запознава Ектор, пациент, кој е примен затоа што бил прегазен на пешачки премин. Таа веднаш сфаќа дека појавувањето на Ектор во нејзиниот осамен и изолиран живот навестува промени, само сè уште не е свесна какви промени.

Оцена
(38 оцени)

Пророштвата на Нострадамус

Кој е Нострадамус? Се знае дека Нострадамус бил најпознатиот јасновидец кој некогаш живеел. Тој со многу точност и неверојатна прецизност ги предвидел повеќето работи кои се случиле: првата и втората светска војна, владеењето на Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер, како и на трет Антихрист кој допрва требало да дојде. Неговите предвидувања биле во временска разлика од речиси 5 века.

Нострадамус бил единствениот јасновидец којшто точно и прецизно си ја предвидел сопствената смрт.

Нострадамус има напишано точно 1000 пророштва. Истите биле пишувани како катрени, односно во вид на стихови и загатки.

Оцена
(13 оцени)

Градина од коски

Џулија Хамил, неодамна разведена, решава да ги склопи парчињата распаднати по завршувањето на нејзиниот брак. Се сели во нова куќа и започнува еден мал проект за да си ги разбистри мислите, почнува да работи во нејзината градина.

И навистина ја постигнува целта, нејзините мисли не се преокупирани повеќе со несреќните настани во нејзиниот живот. Тоа е сосема нормално, откако при копање во градината наоѓа череп. Многу стар череп.

Мора Ајлс, медицински истражувач, го испитува черепот и може да утврди дека личноста била жена која не умрела од природна смрт, туку била убиена.

Page 1 of 19

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter