Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Градина од коски - Тес Геритсен

Автор 
Оцена
(13 оцени)

Градина од коски

Џулија Хамил, неодамна разведена, решава да ги склопи парчињата распаднати по завршувањето на нејзиниот брак. Се сели во нова куќа и започнува еден мал проект за да си ги разбистри мислите, почнува да работи во нејзината градина.

И навистина ја постигнува целта, нејзините мисли не се преокупирани повеќе со несреќните настани во нејзиниот живот. Тоа е сосема нормално, откако при копање во градината наоѓа череп. Многу стар череп.

Мора Ајлс, медицински истражувач, го испитува черепот и може да утврди дека личноста била жена која не умрела од природна смрт, туку била убиена.

Како еден толку стар череп се наоѓа во градината на Џулија? И уште поважно, зошто личноста била убиена и закопана во нејзината градина? Дали тајната ќе остане закопана или по толку многу години конечно ќе исплива на површината?

Приказната нè навраќа во далечното минато, во 1830-тите години во Бостон каде се запознаваме со Норис Маршал, медицински студент кој за да си ги плати студиите мора да работи нешто што е навистина одвратно и грозно. Тој откопува тела од гробишта и ги продава на црниот пазар. Но кога ќе започнат убиства во болницата каде што тој студира, Норис ќе се најде во средина на настаните како главен осомничен.

Можно ли е овој студент да бил толку очаен и да направил нешто уште поужасно од откопување на веќе мртви тела?

За да ја исчисти дамката од своето име, Норис се обидува да го најде единствениот сведок кој би можел да му помогне. Тоа е Рози Конели, 17-годишна млада девојка од Ирска која само сака да ја заштити својата новородена внука откако сестра ѝ починува при пораѓањето. Таа станува соучесник во потрагата по мистериозниот убиец, бидејќи се сомнева дека можеби токму таа е следната жртва.

Но зошто убиецот би ја ставил на својата листа оваа невина девојка? Дали черепот во градината на Џулија припаѓа всушност на Рози?

Ако напишаното погоре не ве заинтересира (што не ми се верува дека е можно) да ви откријам уште еден дел од фантастичниот заплет на книгава.

Медицината и како таа функционирала во тие години е исто така голем дел од мистериите. Морам да кажам дека навистина бев згрозена, Тес Геритсен маестрално опишува и прикажува како медицината се практикувала во болницата и што всушност било причина за големиот број на смртни случаи при донесувањето на бебе на овој свет. Се разбира, веројатно поранешната професија на Геритсен како докторка игра голема улога во ова.

Се надевам дека ова е доволно за да ве намами да земете во раце уште еден неверојатен трилер од веќе добро познатата Тес Геритсен.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Каде ги најде книгите од серијалот на Српски?

    0 Like
  • Книгава ми е веќе на листата за читање ..Јас го почнав серијалот по ред од првата книга па во брзо време би требало да стигнам и до овој како што можам да забележам навистина возбудлив трилер :) Така да ќе го кажам и јас моето мислење набргу (иако веќе знам дека ќе биде подобро од позитивно ) :) Читателке гледам дека имаме доста сличен избор на книги за читање ,со препорака на овие твои статитии навистина добри книги си прочитав :)

    1 Like
  • Димитар,подобро да ја прочиташ на англиски,преубава е книгава,а се сомневам дека ќе биде преведена во брзо време :))

    0 Like
  • Видов дека не спаѓа во серијалот а сепак во статијава е спомената Мора Ајлс. Сигурно е добар трилер само да се најде време за се да се прочита :(.

    0 Like
  • Мора Ајлс многу малку ја има, нема некоја важност нејзината улога во приказната. Веројатно ја ставила самo поради тоа што е познат лик.:)

    0 Like
  • dimitarjovanovski6@gmail.com Фала ти мног Ики :D

    0 Like
  • Пратена е книгата уште вчера навечер заедно со уште некој бонус :) Поздрав :)

    0 Like
  • Гостин - Tamara

    Одговор на: Ики

    kje moze li i na mene da mi ja pratis knigata vo inbox Iki?
    Fala odnapred.
    Tamara_blaze@hotmail.com

    0 Like
  • Гостин - Натали

    Ики ќе можеш ли и мене да ми ја пратиш ? natence_gv@live.com
    Ти благодарам

    0 Like
  • Тамара и Натали само што ви ја пратив книгата ,уживајте во читањето .Поздрав :D

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter