Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Пророштвата на Нострадамус - Марио Ридинг

Автор 
Оцена
(38 оцени)

Пророштвата на Нострадамус

Кој е Нострадамус? Се знае дека Нострадамус бил најпознатиот јасновидец кој некогаш живеел. Тој со многу точност и неверојатна прецизност ги предвидел повеќето работи кои се случиле: првата и втората светска војна, владеењето на Наполеон Бонапарта и Адолф Хитлер, како и на трет Антихрист кој допрва требало да дојде. Неговите предвидувања биле во временска разлика од речиси 5 века.

Нострадамус бил единствениот јасновидец којшто точно и прецизно си ја предвидел сопствената смрт.

Нострадамус има напишано точно 1000 пророштва. Истите биле пишувани како катрени, односно во вид на стихови и загатки.

Но во последен момент тој одлучил 942 катрена да бидат објавени во јавноста, а останатите да бидат скриени многу добро од очите на сите и кога ќе дојде вистинско време за нивното појавување, тоа да се случи со многу внимание.

Сè започнува кога циганинот Бабел Самана објавува еден оглас за скриените пророштва на Нострадамус, со цел да дојде до некоја пара. Но тој воопшто и не бил свесен колкава заинтересираност тие пророштва ќе разбудат во светот и дека токму таа негова непромисленост ќе го чини живот.

Самана иако има мапа за тоа каде се кријат пророштвата, сепак кога се среќава со Ахор Бал, сфаќа дека не смее да дозволи тие пророштва да паднат во негови раце. Истовремено за истите тие пророштва е заинтересиран и еден познат Американски писател Адам Сабир која преку истите сака да си ја поврати загубената слава и инспирација.

Но тука започнува целата драма.

Бабел Самана бегајќи во паника го здогледува Сабир и му ја сече раката негова како и својата при што нивната крв се измешува и тие „стануваат“ браќа по крв според циганските обичаи. Сабир има за задача да се грижи за Јола, сестрата на Бабел, за која тој си го одзеде животот за да ја заштити. Кога Сабир паѓа во рацете на циганите, заедно со Јола и Алекси тргнуваат во потрага по скриените пророштва. Истовремено по истите пророштва, но со друга цел, тргнува и Ахор Бал.

Што ќе се случи? Дали пророштвата ќе бидата пронајдени и во чии раце ќе завршат, а пред сè што е тоа што е напишано во нив, нема да ви откријам туку ќе оставам на вас да ја прочитате книгата „Пророштвата на Нострадамус“ од Марио Ридинг.

Една извонредна драма и акција која нема да ви дозволи да земете здив штом ќе ја земете оваа книга во вашите раце.

Прочитајте ја, нема да зажалите!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter