Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Андалузиски пријател - Александер Седерберј

Автор 
Оцена
(13 оцени)

Софи е болничарка, а работата ретко ѝ остава време за нешто друго. Таа станува болничарка најмногу поради пациентите, бидејќи може да разговара и да се дружи со нив за време на работата, не поради некоја посветеност или пак желба да негува други. Пациентите ретко зборуваат, а кога ќе почнат со тоа тогаш доаѓа времето таа да ги напушти, како и тие неа. Порaди нејзиниот стил и изглед многумина за неа ќе речат дека таа не изгледа како болничарка. Таа како да се родила со насмевка во очите.

Таа во болницата го запознава Ектор, пациент, кој е примен затоа што бил прегазен на пешачки премин. Таа веднаш сфаќа дека појавувањето на Ектор во нејзиниот осамен и изолиран живот навестува промени, само сè уште не е свесна какви промени.

Несвесно се впушта во ситуација и таа да биде следена и истражувана од страна на криминалистичката полиција. Но зошто? Па Ектор е еден од најбараните криминалци од страна на полицијата, и тие мислат дека преку неа можат да дојдат до него. Тој е син на Адалберто Гузман, 73 годишен вдовец, кој изградил проект кој го прави богат човек. Тој е познат по својата великодушност и го викаат Гузман Ел Буено – Гузман Добриот. Од трите деца само Ектор се вклучува во бизнисот на татко му и тоа уште на петнаесет години, за веќе на осумнаесет години да почне да ја води целата работа: почнувајќи од трговија со дрога сè до формирање на организација за перење на пари.

Поради тоа Гунила Страндберј веќе долго време го следи Ектор и неговиот телохранител Арон, а појавата на Софи во неговиот живот сака да ја искористи на најдобар можен начин. Стапуваат во контакт со неа и бараат таа да ја донесе правилната одлука. Но која е правилната одлука? Дали да го кодоши Ектор или пак да го слуша своето срце кое после долго време Ектор успева да го разбранува?

До средбата со Ектор таа со нејзиниот син живеела прилично удобно од наследството на сопругот, мирно и повлечено. Сега таа треба да избере дали да работи за Гунила или пак да ја избере страната на Ектор...

Сите што се појавуваат во приказната имаат заеднички именител – Софи...

Но таа не е толку наивна за да можат да управуваат со неа, и дури кога ќе се најде во безизлезна ситуација сите ќе се уверат во храброста и непоколебливоста на Софи!

Ова е прв дел од трилогијата за Софи Бринкман кој е прогласен за најдобра книга на Саемот на Книга во Франкфурт во 2011 година. Го споредуваат со трилогијата на Стиг Ларсон, но морам да кажам дека тој е еден и единствен, не дака и ова не вреди да се прочита. Сепак вреди да се прочита, но останува уште да ги дочекаме наредните два дела за споредбата да биде комплетна.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter