Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Најмрачниот час - Маја Бенкс

Автор 
Оцена
(18 оцени)

Животот ретко подарува втора шанса... На денот од првата годишнина од смртта на неговата сопруга, Итан Кели добива анонимна пратка со доверливи документи со почетна порака само од неколку зборoви

Твојата жена е жива.

Сè до тој момент Итан се исклучува и изолира потполно од сите, од своето семејство, пријатели, иако неговите браќа се обидуваат да го доведат во нивната специјална интернационална екипа – КГИ – но, вината, незимерната тага и каењето од неуспехот како сопруг се тежок товар кој го носи во своето срце и душа, сè до оној момент кога сè се променува од корен...

Но, кога ќе ти се подари таа шанса, дали ќе успееш да ги поправиш сите свои грешки?

За да ја спаси својата сопруга, Итан заедно со своите браќа ја започнува неговата најважна и најтешка животна мисија – одбегнувајќи куршуми, преминувајќи низ опасна и непозната џунгла и голем ризик од завршување во рацете на смртоносен нарко-картел, директно одејќи во смрт.

Мисијата е успешна, но пред нив стои долг пат на опоравување, одејќи чекор по чекор, помагајќи на Рејчел да ја поврати својата меморија, сите спомени кои не може и не сака повторно да ги доживува –минута по минута од почетокот на нејзиниот најмрачен и најтежок час – можеби затоа што од сето тоа зависат нивните животи и нивната љубов...

Втора шанса, тешки спомени, минато кое го следи секој еден сегашен момент, две срца поврзани со јака и неизмерна љубов, страниции исполнети со приказна која ќе ве остави будни до доцните ноќни часови.

Добродојдовте во светот на КГИ!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter