Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Bookworm

Bookworm

Три години и девет месеци без дечко.

Нема среќа во работата.

365 дена без секс.

А и нема среќа во љубовта...

Среќата баш не ја сака Сара Сарџент, а и како врв на сè, после пет месеци собирање храброст да го повика ќелавиот келнер со пивско стомаче кој работи во најблискиот паб да излезат, тој ja одбива со изговор дека попрво би гледал Нарнија на ДВД.

Лоти е сигурна дека нејзиниот дечко ќе ја запроси, па и самиот и кажа дека има доста важно прашање за неа, но на крајот важното прашање е дали сака да оди на патување со него во странство, а не на пат до олтарот. Тотално уништена од раскинувањето со нејзиниот дечко, Лоти неочекувано, после толку долги години се сретнува со нејзината заборавена љубов и тие двајцата се решени да преземат доста драстични мерки со нивниот ново оживееан пламен.

Нема состаноци, нема заедно да живееат, директно ќе се венчаат... баш во овој момент.

Тој е тврдоглав, лојален, традиционален и не сака промени...

Рено Вајлдер си го сака својот град онаков каков што е, па што ако зградите се уште од времето на основањето на градот, ништо страшно, баш на против, тоа му дава шарм и убавина. Тој го сака традиционалното и едноставно не сака да се менува ама баш ништо. Тотално луда идеа да се повика реално шоу за да се направи подновување на нивниот град и тој нема никаков план да учествува во таа луда и откачена замисла, па макар и да му е последно. Таа водителка слободно може да се врати заедно со нејзиниот Хамер, нејзината екипа од каде што е дојдена, па самиот тој ќе ѝ помогне да го пронајде патот за назад - уште од првиот момент предизвикот е поставен!

Понекогаш може да се случи твојата најголема животна грешка... да се претвори во најслатка грешка...

Аби Морган, после седум години повторно се враќа во својот роден град Sweet,Тексас – да ja среди и доведе во ред куќата на нејзините родители за продажба, но исто така и конечно да се соочи со своите демони од минатото. После брзиот развод, пред да го започне својот нов живот за кој сè уште нема никаква идеја ни од каде ќе започне повторно да го гради, се соочува и сака да ги поправи некои од нејзините грешки, но не планира дека нејзината најголема грешка уште на првиот ден по пристигнувањето во Sweet ќе се појави пред нејзината врата – привлечен, шармантен, сексипилен...

Таа ноќ започнува со краткотрајната младеначка побуна на Елизабет со фарба L’Oreal Pure Black, скратување на косата и фалсификувана лична карта, а ќе заврши во крв.

После 12 години, на периферијата од малиот град во Озаркс, во куќа со најсигурни аларми, заедно со разно огнено оружје и нејзиниото верно и опасно куче, живее хонорарната програмерка - Абигејл - која програмира најсовршено сигурносни безбедносни системи, но исто така и живее повлечено од луѓето во малиот град. 

Но, сепак не останува незабележана...

Page 1 of 12

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter