Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Анче Пешева

Анче Пешева

Sakam knigi!!!!

Мајка! Да се биде мајка е најубавото истовремено и најтешкото чувство кое една жена може да го носи на својот грб. Дефинитивно нема повозвишено чувство од онаа среќа која се јавува во душата на мајката кога го гледа своето чедо-својот ангел. Па се чуди како досега можела да живее без него, пред неговото постоење.

Но... може ли со зборови да се опише болката што се јавува во душата на една мајка кога судбината најсурово си поигрува баш со нејзиното најскапоцено богатство-детето. НЕ! Не постојат кави зборови кои би создале барем приближна слика на нејзината тага, на нејзината болка...

Читајќи ја Урбани Херои од Драган Таневски, во една работа бев повеќе од сигурна, а тоа е дека македонската литература била доста сиромашна сè до сега.

Драган Таневски - ново име во македонската литература, нова ѕвезда-талент која допрва треба да блесне во македонското литературно небо, да блесне со сиот свој раскош и сјај, да блесне осветлувајќи го својот преголем талент за пишувачкото перо.

Имено, леснотијата со која овој автор раскажува, како и неговата умешност мајсторски да управува со перото, прават зависнички ефект врз читателот: Да не се остави додека не се прочита.

Алкохол - најдостапното и најевтиното оружје за масовно уништување на човештвото. Тоа е едно од најголемите зла кое може да му се случи на човека. Алкохолот е лош господар на човековата волја и “Крал” на уништувањето на семјеството.

А како да се победи тоа зло?

Овде морам да потенцирам една работа, а тоа е дека многу малку се зборува за штетните последици од алкохолот, туку напротив, тој премногу се воздигнува. Се слави до тој степен, што секаде е присутен, па дури има и неколку фестивали, посветени токму баш нему - на Кралот Алкохол.

Романот Дно од Анче Пешева зборува за најголемото зло на 21от век - дрогата.

Имено, бидејќи ЈАС сум автор и на статијата и на романот нема многу да давам мое мислење за да не оставам впечаток како наметлива личност, ама ќе кажам само дека навистина е многу поучна приказна која вреди да се прочита. Нараторска приказна која се чита во еден здив. 

Еве ќе дадам и кратка содржина со надеж дека ќе ја разбудам љубопитноста кај љубителите на пишаниот збор.

Ања

„Ања“ е првенче на авторката Оливера Ширговска која настојува својот талент да го пренесе на читателите. Една преубава љубовна сага.

Сѐ започнува кога Ања заедно со своите три другарки Сања, Весна и Анита заминува на летување во Херцег Нови - Црна Гора. Тука таа го здогледува Алексеј Григоров од Москва, за кој уште при првиот поглед знае и чувствува дека тоа е љубовта на незјиниот живот. Но, и младиот ватерполист не е рамнодушен кон Ања и се случува љубов на прв поглед.

Ања и Алекс доживуваат бурна и силна љубовна авантура, нивната љубов толку многу се разгорува што целосно се предаваат еден на друг со цела душа и тело. Тие чувствуваат и веќе знаат дека не можат еден без друг.

Page 1 of 2

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter