Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(35 оцени)

Во името на предците

Авторката, за која Њујорк Тајмс вели дека секоја нејзина нова книга буди интерес, кој кај читателите предизвикува шок поради големиот број на пресврти.

Оваа книга наречена „Тивката девојка“, или кај нас преведена како „Во името на предците“, е одлична книга за сите љубителите на трилер книгите.

Секое место на злосторството си раскажува своја приказна. Некои од нив не ви даваат ноќе да заспиете. Токму тоа ѝ се случува и на детективката на Одделот за убиства, Џејн Рицоли.

Случајно додека ја предводи групата туристи, Били ја раскажува приказнта за морбидните убиства кои се случиле во бостонскиот Кинески град.

Оцена
(42 оцени)

Кога ја здогледав книгата не се сомневав дека се работи за уште едно добро дело од Стив Бери. Поради тоа веднаш ја земав и започнав да ја читам. Овој автор кај мене има предност пред другите автори од проста причина што знам дека секогаш се работи за уште една добра авантура проследена со многу возбуда и изобилство на многу акција. Накратко ќе се обидам да ја разбудам вашата љубопитност, а ако успеам во тоа тогаш книгата во рака и уживајте. Котон Малон е главниот лик во овој трилер. Тој е под таен притисок на владата на Соединетите Држави и се обидува да ја заврши зададената задача успешно. Во исто време се обидува да му помогне на својот многу добар пријател Хенрик Торвалдсен, кој е заслепен од одмаздата за смртта на својот син единец кој загинал во еден терористички напад, а позади нападот стоел Лордот Грејам Ешби.

Оцена
(103 оцени)

Близначка

Повторно уште едно неверојатно добро дело на авторката од чии приказни и здивот ќе ви се заледи, маестралната Тес Геритсен. Веќе не знам кое нејзино дело да го сметам за најдобро, просто секогаш успева да ме воодушеви со своите приказни, пресврти и крајно неочекувани настани.

Овојпат станува збор бостонската медицинската истражителка д-р Мора Ајис, која како судски паталог секојдневно се среќавала со тела на свирепо убиени луѓе. Веќе беше и навикната секое тело што ќе го прегледува да биде што помонструозно од претходното, дури до непрепознатливост. Но, еден навидум обичен ден во својата работна соба ја чекаше необична задача - новодонесената жртва беше идентична со неа... Како е возможно тоа? Едноставно таа и жртвата беа идентични, личат како јајце на јајце.

Оцена
(23 оцени)

После темнината

Морам да признаам дека многу се изненадив кога видов дека нема статија за книгава, па решив да објавам бидејќи книгава е навистина вредна за тоа. Како и сите дела на Шелдон, нели? Иако оваа книга е во соработка со Тили Багшо, не се разочарувајте од самиот почеток, оваа книга е на исто рамниште со останатите негови книги. Приказната на книгата е напната, неизвесна, полна со емоции и љубовни сцени, книга која го прикажува гламурот и луксузот од една и суровоста на животот од друга страна.

Што се случува кога жената која има сè, ќе остане без ништо?

Преубавата и наивна Грејс Брукстајн e сопругата на Лени Брукстајн, кралот на берзата на Вол Стрит.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter