Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(17 оцени)

Градот на коските

Сакав да прочитам добар трилер и на препорака на мојата добра пријателка се решив за оваа книга. На мое големо задоволство не погрешив што послушав, верувајте се работи за многу добар детективски трилер кој ве освојува и ве држи во неизвесност до самиот крај. Книгата не можете да ја оставите сè додека не ја прочитате последната страница. Книга која буквално ме остави без сон сè додека не ја дочитав. Ќе се обидам да ја разбудам вашата љубопитност за да ве натерам да ја побарате книгата и прочитате.

Инспекторот Хари Бош добива повик дека е пронајдена - ископана детска коска во планината Санта Моника, од страна на кучето на др. Пол Гујо.

Оцена
(37 оцени)

Англискиот атентатор

Повторно сме со Габриел Алон aka Марио Делвекио, само што овојпат наместо во Минхен работата го води во Цирих. Сега тој работи во една англиска уметничка галерија - Галеријата Ишервуд. Не е ни чудно што галеријата не работи доста успешно бидејќи сопственикот, Џулијан Ишервуд, повеќе сака да ги поседува  уметничките дела отколку да ги продава.

Акцијата за Габриел започнува кога анонимен клиент на Ишервуд од Цирих сака лично Габриел да работи за него, да ја реставрира неговата слика од Рафаел - „Портрет на младич“. Замислете како ли се чувствувал Габриел кога открива дека човекот чијашто слика треба да ја реставрира е мртов.

Оцена
(71 оцени)

Розите се црвени

Пред вас е уште една неверојатна трилер - акција на ненадминливиот Џејмс Патерсон. После ова прочитано дело на Патерсон, слободно можам да кажам дека фантазијата со која тој ги осмислува приказните и настаните од кои ќе ви заледи и здивот, едноставно нема граници. Како тој и навистина да знае каде се кријат нашите најголеми стравови и преку ова свое дело повторно се обидува да нè соочи со нив. Според мене, ова дело е едно од неговите најдобри романи за детективот Алекс Крос, дело кое како и секогаш ќе го задржи вашето внимание до самиот крај, а крајот се разбира - маестрален, за чиста 10-ка!

Романот „Розите се црвени“ ви ја претставува можеби најдобрата приказна за најпознатиот детектив на Патерсон, секогаш одличниот Алекс Крос.

Оцена
(89 оцени)

Пад

Морам да признаам дека оваа книга многу позитивно ме изненади, иако во првите неколку страници навистина не можев да сфатам што се случува, можеби поради малку чудниот стил на авторот. Инаку ова е прва книга што ја читам од Лорен Кејт и можам да кажам дека ми се допадна приказната, иако сè вкупно би ја оценил книгата со една одлична 4-ка, затоа што како нешто да ми недостасуваше, не на крајот, туку некаде во кулминацијата на заплетот, сепак задоволен сум од романот и отворено ви го препорачувам...

Пад? Што ли подразбирате вие под тој збор? Можеби знаци на слабост или немоќ да „испливате“ на површината? Или некаков душевен пад? - епа верувајте во ова дело има од сè по нешто од ова...

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter