Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(18 оцени)

Приказната во Кокаински ноќи се врти околу Чарлс Прентис.

Тој оди во Естрелја де Мар за да му помогне на својот брат Френк кој завршува во затвор.

За многу кратко време откако пристигнува, Чарлс се запознава со мрачните тајни на навидум совршените прибежишта на богатите Европејци кои се формирани на шпанскиот брег.

Во тие општествени заедници што потсетуваат на вештачки рај, а кои всушност се тоталитарни и угнетувачки, криминалот е единственото нешто што ја обновува животната енергија и ги држи во живот жителите.

Оцена
(56 оцени)

Неми и проклети

Пред вас е уште една неверојатна книга, трилер акција - ремек дело на маестралниот Роберт Вилсон, која засекогаш ќе се вреже во вашите сеќавања и никогаш не ќе можете толку лесно да ја заборавите. Ова е само првото дело што го прочитав од овој автор и многу ми се допадна, што со сигурност значи дека нема да биде и последно. Само можам да ви кажам дека страниците ќе се вртат сами, а вие ќе умирате од возбуда и неизвесност за да го дознаете расплетот на овој фасцинантен роман.

Што се однесува на приказната во романот, таа се испреплетува околу трагичното детство на малиот Марио Вега. На само седумгодишна возраст тој мора да се соочи со загубата на своите најблиски.

Оцена
(97 оцени)

Шепнувачот

Морам да напоменам уште на почетокот дека ова е прв роман на Донато Каризи, кој студирал право и криминологија и на почетокот пишувал сценарија за серии. Судејќи според тоа можете да претпоставите дека овде станува збор за приказна со неверојатна содржина.

Исчезнуваат пет девојчиња на возраст од осум до тринаесет години. Во меѓувреме пронајдено е местото на кое можеби се закопани, а го пронаоѓаат две момчиња со нивното куче сосем случајно. Но тоа не се нивните тела, сè што пронаоѓаат се неколку леви раце закопани во круг, поточно шест леви раце, а пет девојчиња се пријавени како исчезнати. Некаде уште едно девојче е киднапирано но сè уште не е пријавено како исчезнато.

Оцена
(61 оцени)

Злосторства

Пред вас драги читатели е уште една неверојатна трилер акција, од перото на маестралниот Фердинанд Фон Ширах, која ќе ве остави без здив од самиот почеток до последната страница. Најразлични злосторства, кое поморничаво и посовршено од претходното, ќе ве наведат на моменти да го претпоставувате виновникот, за на крајот сосема да бидете изненадени.

Дали и вашите сиви клетки одлично и беспрекорно работат, како оние на Херкул Поаро? - останува да дознаете сами, кога ќе го дознаете идентитетот на вистинскиот убиец - во последните неколку страници од ова навистина фасцинантно дело. Слободно можам да се согласам и со европските критичари, кои за овој трилер велат само едно - „Приказната е навистина, навистина многу умна“.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter