Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(49 оцени)

Формулата на алхемичарот

Понесена од импресиите од неговата претходна книга - која патем многу ми се допадна ја побарав и неговата друга книга - „Формулата на алхемичарот“. Бев пресреќна кога ја најдов и со нетрпение почнав да ја читам.

Можам да кажам дека книгата не се чита, таа се голта, а страниците сами се вртат и просто не се чувствува кога поминало времето затоа што книгата нè држи во напнатост, возбуда и нетрпение сè со цел да дознаеме што ќе се случи понатаму.

Накратко ќе се обидам да ви ја раскажам содржината сè со цел да ве натерам и вас да ја побарате и да ја прочитате - верувајте се работи за многу добар автор со многу добри трилери.

Оцена
(36 оцени)

Париска Опција - Роберт Ладлам и Гејл Линдс

Во последните 30 години романите на Роберт Ладлам го поставија стандардот за најдобри во меѓународни интриги и неизвесност. Со еден непрекинат низ бестселери во речиси секоја земја во светот, во неговите книги уживаат стотици милиони читатели и тие се широко познати како класици во оваа област. „Париска опција“ e трета книга во серијалот.

Огнена експлозија во темната ноќ руши една од париските лабораториски згради на познатиот институт Пастер. Меѓу мртвите е Емил Чемборд, еден од лидерите во глобалната трка за да се создаде молекуларен или ДНК компјутер. За жал, професор Чемборд ги чува деталите од својата работа во тајност и неговите белешки наводно се уништени или во експлозијата на бомбата или во разбеснетиот пожар што следи.

Оцена
(68 оцени)

Затворениот остров

Дали и вие би сакале да го посетите затворениот остров? - Хм, верувам дека вашиот одговор ќе биде не, откако ќе ја прочитате оваа книга. Ова е уште еден маестрален трилер на фантастичниот Денис Лихејн, кој ќе ве полуди од возбуда и од неизвесност. Иако е ова прво негово дело што го прочитав, слободно можам да кажам дека ме воодушеви и ги надмина сите мои очекувања.

Детективот на ФБИ, Теди Даниелс и неговиот партнер и соработник, Чак Ол доаѓаат на затворениот остров, мало место каде што во болницата „Ешклиф“ се сместени многумина умно - пореметени и насилни злосторници. Нивна главна задача е да го истражат исчезнувањето на еден пациент од болницата.

Оцена
(74 оцени)

Петтиот јавач

Уште еден одличен трилер од перото на незаменливиот Џејмс Патерсон, според мене автор кој и да посака не може да напише лош или пак здедевен роман, а особено ако се работи за трилерите, што слободно можам да кажам дека се негова специјалност и негов заштитен знак.

Овде одново на сцена стапува атрактивната детективка, Линдзи Боксер и нејзините соработници од Женскиот клуб за решавање на убиства. Тие работат на еден доста необичен случај. Млада мајка, којашто се опораваше по раѓањето, во една високо ституирана болница во Сан Франциско сосема изненадно започнува да се гуши. Копчето за повикување на медицинскиот персонал и лекарите, за жал не е од никаква корист, бидејќи тие стигнуваат предоцна, кога девојката веќе е мртва.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter