Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(79 оцени)

Горка голтка

Уште еден маестрален роман на маестралниот Франсиско Херардо Хагенбек, којшто е добитник на најпрестижната национална мексиканска награда „Una vuelta de tuerca’’ за најдобар крими роман. Оваа награда подоцна ќе му ги подотвори вратите кон светска слава, за која многу автори сонуваат.

Оваа интригантна приказна се врти околу младото момче Сани Паскал, кое од секогаш сакало да биде актер. Одеднаш неговиот сон станува реалност и тој треба да одигра неколку минутна улога во еден важен филм. Сцената во која тој ќе учествува треба да се одигра на морскиот брег на Мексико. Наизглед ова беше лесна работа за младиот Сани - рајска плажа, одлични бранови за сурфање, многу убави жени, еден куп барови, но и многу отровни коктели.

Оцена
(67 оцени)

Дваесет и четири часа

Што мислите дали дваесет и четири часа се сосема доволни да ги преживеете сите болки и страдања и одлучно да му се спротиставите на оној кој сака да ве повреди вас и вашето семејство?

Доколку вашиот одговор е НЕ, тогаш веднаш прочитајте го овој врвен трилер, кој ќе ви го докаже сосема спротивното. Ова е приказна од која стравот ќе ви влезе и до коските...

Една совршена ноќ, едно совршено семејство ќе биде заробено во мрежата на едно совршено злосторство... Вил и Карен Џенингс, заедно со нивната петгодишна ќерка претставуваат идеален пример за среќно семејство.

Оцена
(85 оцени)

Островот на сливите

Уште еден врвен трилер од перото на ненадминливиот Нелсон Де Мил. Ова дело несомнено добро и кристално јасно ќе ви покаже на што сè се подготвени луѓето за да не се откријат нивните тајни и злосторства што ги направиле во минатото.

Ова е приказна за еден од најдобрите детективи на њујоршката полиција, Џон Кори. Тој е еден од оние луѓе кои целосно со душа и тело им се посветени на работата, но по еден грабеж откако тој ќе биде полесно ранет, командирот на полициската станица го „принудува’’ да се одмори неколку дена. Иако Џон сакаше да продолжи со работата, сепак реши да не му се противи на својот надреден и да замине неколку дена на одмор.

Оцена
(70 оцени)

Четириесет зборови за тага

Ова е првиот роман што го прочитав од овој автор и слободно можам да ви кажам дека во целост ги исполни моите очекувања за интригантен, напнат и возбудлив трилер. Џајлс Блант на одличен начин успева да навлезе во психологијата на убиецот, жртвите и истражителите, што им успева на многу малку автори. Оваа умешност го издигнува ова негово дело на мошне високо ниво. Овој негов роман без сомнение ќе ви докаже дека Блант е мајстор на својот занает и врвен во оваа област.

Оваа интригантна приказна проткаена со ледениот пејзаж, својствен за северот на Канада и помрачно од било кога ќе ви го прикаже човечкото самоволие, злоба и желбата за непрестано одземање на човечки животи.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter