Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(84 оцени)

Ова е второто дело од маестралната авторка, Мерсе Рудуреда кое што го прочитав пред три месеци, но дури сега се сетив да напишам статија, и можам слободно да кажам дека навистина ме изненади, се разбира во позитивна смисла. Делото е издадено пред околу дваесетина години и за жал многу тешко може да се пронајде, еве јас дури и слика од омотот не можев да пронајдам. Сепак се надевам дека ќе ве заинтригира неговата содржина. Инаку оваа авторка е една од ретките, чии дела се од најразлични области. Таа за себе велела дека постојано сака да проба нешто ново, па очигледно и поаѓало од рака.

Горчлива маслинка е трилер кој ме привлече, токму поради темата што ја обработува. Јас лично го ставам во топ 10 од мои најдобри прочитани дела воопшто.

Оцена
(116 оцени)

Хирург

Пред вас е едно од најврвните остварувања на авторката од чии книги не можам ни мирно да спијам - маестралната Тес Геритсен. Ова е медицински трилер, кој на некој начин ќе ви ги покаже маестралните, но истовремено и морничавите дострели на пластичната хирургија.

Овде се работи дефинитивно за вистински пореметен злосторник и за единствената жена којашто може да му застане на патот и да го спречи повторно да убие. Тој секоја ноќ тивко и сосема незабележливо влегува во спалните соби на своите жртви, кои што не ни се надеваат дека нивните кошмари, благодарејќи на овој первезен човек со голем убиствен инстинкт, ќе станат и јаве.

Оцена
(80 оцени)

Еквиноцијум

Уште еден неповторливо - маестрален роман на извонредниот Мајкл Вајт. Ова дело им го препорачувам на сите оние што сакаат добри книги, без разлика дали трилер акциите им се омилен жанр или не. Подгответе се и вие длабоко да запловите во уште една неверојатна мистерија од која и срцето ќе ви застане на моменти.

Дејството се случува во центарот на интелктуалната моќ, градот Оксфорд. Сè започнува кога една млада жена е брутално убиена, на тој начин што ѝ е пресечено грлото.

Но монструозното злосторство не завршува тука. Убиецот ѝ го извадил срцето, а наместо него е оставен еден навидум стар златник.

Оцена
(36 оцени)

Операција Амблер

Операција Амблер е вистинска книга за тие што сакаат да читаат шпионски трилери!

По дваесет години работа како таен агент Харисон Амблер е затворен во една ментална болница, владина институција, каде што владата ги сместува своите луѓе кои што изгубиле секаков допир со реалноста. За жал, случајот на Хал е поинаков. Тој е затворен во Париш Ајланд, под дејство на дрога и седативи.

Една симпатична болничарка му помага да избега од болницата и ја почнува потрагата по осознавањето на сопствениот идентитет. Зошто владата го затворила? Зошто нема никакви документи за неговото постоење?

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter