Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(109 оцени)

Потрага за Ласицата

За овој неверојатно брилијантен трилер на Џејмс Патерсон можам само да ви кажам дека ќе ве изненади повеќе отколку неочекуван струен удар. Мајсторот на трилерите и овој пат ви претставува возбудлива приказна за детективот Алекс Крос.

Што мислите дали некој некогаш се помирува со тоа што го изгубил?

И коцкарите знаат кога е фрлена последната коцка, но дали и овде се случува тоа?

Алекс Крос е виш инспектор на одделението за ситни прекршоци и деликвенти, но не ни сонува дека набрзо ќе мора да тргне во „лов’’ на една многу крупна ѕверка.

Оцена
(90 оцени)

Грнчарско поле

За сите верни љубители на маестралната авторка на трилер романи, Патриша Корнвел ова дело ќе биде вистински хит. Одлична содржина, заплеткана како и секогаш со многубројни интриги и сплетки, или со еден збор брилијантна од првата до последната страна. И во овој случај на сцена повторно стапува лекарката Кеј Скарпета, која благодарејќи на своите вештини и храброст досега успешно ги решаваше и најзамрсените случаи и убиства. Но тоа беше досега. Дали и овој пат ќе се случи истото?

Станува збор за неверојатна приказна која започнува со откривање на мртвото тело на една жена, во близина на фонтаната во Градскиот парк. Глетката е навистина морничава.

Оцена
(76 оцени)

Место  на злосторството

И повторно продолжувам со неверојатни предлози за најдобрите трилери што ги имам прочитано. Ова е мистерија од која и крвта во вените ќе ви се заледи. Ова е роман кој нема да сакате да го испуштите од рака и ќе посакате секоја година да го препрочитувате барем уште по двапати. Место на злосторството е роман, којшто ја раскажува приказната за Маргрејв, незначителна мала населба во сојузната држава Џорџија. По релативно долга авантура и пешачејќи цели 25 километри по дождливото време, главниот протагонист  во овој роман, Џек Ричер сосема случајно поминува низ ова навидум мирно место. Случајно одлучил да се одмори овде неколку дена и да му оддаде почит на еден гитарист, кој починал овде пред точно 20 години.

Оцена
(102 оцени)

Ова е само уште еден врвен роман од перото на Харлан Кобен. Оваа книга ќе ви го понуди сето она што го содржи еден врвен трилер - мистерија, напнатост и огромна возбудливост.

Животот на Марк Сајдан до пред дванаесет дена беше онаков каков што секој би посакувал. Сопруга од високото друштво, во која е заљубен и шестмесечната ќерка Тара се само делче од неговата семејна идила.

Но сега после толку денови без свест, тој се буди во болницата, во салата за интензивна нега. Не знае ниту кој пукал во него и наместо да биде среќен што преживеал, сепак не е сè така како што треба. Неговата жена е убиена, а неговата ќерка исчезната.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter