Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(17 оцени)

Навистина се изненадив кога видов дека досега никој не напишал статија за оваа прекрасна книга. Ова е еден извонреден трилер, чиј почеток е исто толку возбудлив, колку и самиот крајот.

Шпионски хаос низ Њујорк, Лондон, Чехословачка и Србија, кој ќе ве држи во неизвесност до последната страница.

За време на последните денови од комунистичкиот режим, Роберт Харланд ја завршува својата кариера како британски шпион во австриската болница, непосредно по преживеаната тортура приредена од страна на чешките безбедносни сили. Тој решава да избега од минатото и да започне сосема нов живот, работејќи хуманитарна работа во "Црвениот крст", а подоцна и во ООН.

Оцена
(21 оцени)

Оваа книга влегува во составот на најдобрите дела на Ју Несбе. Тој е автор на Човек Лилјак и Снешко. Несбе освен што е писател, исто така е и музичар и економист. Книгата е на норвешки и е преведена во 34 земји. Преведена е на македонски и ја издава Матица (и ТРИ).

Овој роман е чуден, лудачки и уникатен. Писателот се става себеси како главен лик и пишува во прво лице еднина. Ловци на глави има сѐ што еден роман го прави одличен криминалистички роман: чудни убиства, изненадувачки исчезнувања и над сѐ брилијатна измама за сите пари.

Ловци на глави е од оние книги кои што заслужиле да бидат пренесени на големото платно.

Оцена
(32 оцени)

Како да се победи државата за да се добие шанса за мирен живот?

И после тешките случувања во кои се најде Лизбет Саландер, изгледа дека на нејзините неверојатни случувања им нема крај. Помина една лоша и напорна година во која беше гонета од полицијата за дело кое не го извршила и се најде во средина на настани за кои е и тешко да се размислува, а не и да се доживеат. Нејзиниот татко Александат Залаченко го продолжи теророт врз Саландер, и заедно со нејзиниот полубрат Ниедерман се обидоа да ја убијат, а со самото тоа и да се спасат себеси од обвиненијата за трговија со бело робје. Но, работите не одеа како што тие замислија и Лизбет се наоѓа во болница, тешко повредена, со големи шанси да не го преживее тоа.

Оцена
(13 оцени)

Во тек е натпреварот на US Open. Двејн Ричвуд е новата ѕвезда на тенисот. Младо момче кое ги крши сите правила. Црнец, доаѓа од улицата, никогаш не тренирал во елитни школи, никогаш не бил финансиран од спонзори. Самоук, со единствена желба да игра тенис. Сред натпреварот одекнува истрел. Сред публиката една млада девојка паѓа мртва. Таа не е било кој, таа е Валери Симпсон, поранешна тениска ѕвезда која ја загуби кариерата поради нервен слом.

Кога полицијата го проверува телефонот на убиената девојка, последниот повик е упатен на Двејн Ричвуд. Но, тој тврди дека тие воопшто и не се познаваат. Како и би се познавале, црнец од гетото и богата бела девојка. А во тенисот немаш пријатели. Сé е борба за опстанок.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter