Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(765 оцени)

Крвна врска - Сидни Шелдон

Сидни Шелдон никогаш не оставил простор да оценуваме и коментираме негови книги, но сепак оваа страна не би била тоа што треба да биде без неговите книги, нели?

Елизабет, убава, интелигентна девојка станува претседател на џиновска фармацевтска компанија - втора по големина во светот - по трагичното загинување на својот татко при едно негово искачување на Мон Блан.

Девојката пробува да остане на своите нозе и да ја зачува компанијата од останатите акционери (нејзините роднини), а истовремено не знае од кого повеќе треба да го чува грбот.

Оцена
(607 оцени)

Дигитална тврдина - Ден Браун

„Дигитална тврдина е интелигентна книга што се чита со истото темпо како и некој хит филм“. Ова е во голем дел прецизен опис на оваа книга. Дигитална тврдина е напнат трилер кој ја зголемува неизвесноста од страна на страна.

Она што го имаш како мислење на почетокот на книгата постојано се менува со текот на читањето, а крајот целосно изненадува. Ова не е трилер како секој друг, па добро ова е сепак Ден Браун, авторот на Кодот на Да Винчи.

Голем број на сплетки, го чувствуваш стравот додека главниот лик бега пред пиштолот на непријателот, додека тој се крие низ тесните улички, ти чувствуваш како срцето ти застанува.

Page 19 of 19

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter