Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(51 оцени)

Дух

За сите љубители на  добри криминалистички приказни романот „Дух“ ќе биде вистинско задоволство во овие летни денови. Тој е роман кој во себе ги содржи двата најдобри филмски жанра: воената сага и трилерот. Живописните сцени ќе се одвиваат пред вас како на филмско платно со драматично дејство и добар заплет, а ликовите ќе ве воодушеват. Роман во кој се зборува за моќта, предавството и чувството на вина. Авторот маестрално го вклопил времето на дејствијата во 1944, 1999 и 2000 год. Накратко ќе се обидам да ви ја заскокоткам љубопитноста за да ја земете книгата во рака и да уживате во неа.

1944 - Меѓу рововите кај Ленинград има многу норвешки војници кои се борат на страната на нацистите, некои сфатиле дека се борат на погрешна страна па дезертирале, некои го изгубиле својот живот, а на тие што останале живи подоцна им се судело за предавство.

Оцена
(7 оцени)

Утре ќе ме нема

Самоубиствените бомбаши лесно паѓаат в очи. Оддаваат секакви предавнички знаци. Главно, бидејќи се нервозни. По дефиниција, на сите им е првпат.

Израелската контраразузнавачка служба го напиша дефанзивниот прирачник. Нѝ кажа што да забележуваме. Тие применија прагматично набљудување и психолошка проникливост и срочија список со бихевиористички показатели.

За списокот дознав пред дваесет години од израелски воен капетан. Тој се колнеше во него. Затоа и јас се колнев во него, бидејќи тогаш бев тринеделна командировка, главно на метар од него, во Израел, во Ерусалим, на Западниот Брег, во Либан, некогаш во Сирија, некогаш во Јордан, на автобуси, во продавници, на преполните тротоари.

Оцена
(23 оцени)

Портрет на еден шпион

Бидејќи повторно темата на овој роман од Даниел Силва е тероризмот, би сакала да го цитирам првото нешто што го прочитав од романот:

„Џихадот станува исто толку американски, колку и питата од јаболка и исто толку британски, колку и попладневниот чај." - Анвар ал Авлаки

Малото село Ганвало, од западот на Корнвол, станува интересно место со доаѓањето на мистериозниот човек и неговата помлада сопруга. Многу гласини се шират околу тоа кој е тој човек и никој од селото не може да претпостави дека тоа е познатиот реставратор на слики Габриел Алон - агент на израелската тајна служба МОСАД.

Оцена
(40 оцени)

Тајната на гробницата

Воопшто не се двоумев дали треба да ја прочитам или дали да ја купам оваа книга бидејќи станува збор за наслов од добро познатиот мајстор за трилери - Стив Бери. Верувајте ми ако случајно ви дојде при рака, не се двоумете да ја прочитате затоа што ќе ве поведе во една прекрасна и незаборавна авантура испреплетена маестрално низ страниците на ова дело. Накратко ќе се обидам да ве заинтересирам и да ја разбудам вашата љубопитност.

Гробницата на првиот кинески цар претставува едно од најголемите археолошки наоѓалишта, таа е запечатена повеќе од илјада и двесте години и е чувана од армија на војници од Tеракота, но кинеската влада на никого не му дозволува да ја отвори. Сега сигурно се прашувате зошто? Ова е прашање пред кое ќе се најде и некогашниот агент Котон Малон, кога ќе добие порака со необична интернет адреса.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter