Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Вторник, 26 Октомври 2010 22:51

Филм - Парфем

Автор 
Оцена
(49 оцени)

Perfume: The Story of a Murderer

Име: Парфем: Приказна за еден убиец

Година: 2006

Награди: 12 награди и 12 номинации

Улоги: Бен Вишав, Дастин Хофман, Алан Рикман

Овој филм е базиран врз истоимената книга и го опишува животот на Жан-Баптист Гренуил. Тој е роден во осумнаесетиот век во Франција со неверојатен осет за мирис кој го користи за да создаде едни од најпрефинетите парфеми во светот. Неговата работа сепак ќе ја открие и темната страна бидејќи тој ќе се обиде да ги сочува мирисите на 9 девојки во потрага по врвниот парфем.

Филмот ме фасцинираше бидејќи имаше опис како се праваат на парфемите, глумците беа истотака добро одбрани.

Книгата не сум ја читала бидејќи реално не сакам дела кои ја прикажуваат најтемната страна на човекот ама бидејќи филмот ми се допадна многу, ќе гледам во најскоро време да ја земам од библиотека.

За книгата:

парфем - патрик зискинд

Во осумнаесетиот век во Франција живее еден човек кој се вбројува во најгенијалните и најодвратните личности на оваа епоха. Неговото име е Жан - Батист Гренуј, а неговиот гениј и сосема посебна амбиција беа ограничени на област која во историјата не остава траги: на краткотрајното царство на мирисите.

Зискинд во овој роман во прв план го има истражувањето и опишувањето на вознемирувачкиот внатрешен универзум на еден опседнат човек, кој светот го перцепира преку сетилото за мирис.

Брилијантното, детално раскажување ни дава извонредна слика на целата убавина, но и мизерија на Париз и цела Франција во таа предреволуционерна епоха.

Познавањето на парфемериската технологија и сите детали за истата, за кои пишува Зискинд даваат една јасна визуелна слика за мирисите.

"Не пребираше. Не правеше, сé уште не правеше разлика помеѓу она што вообичаено се сметаше за добар или лош мирис. Беше алчен. Целта на неговите ловења беше едноставно да го поседува сé она што можеше да му го понуди светот на мирисите, а единствен услов беше мирисите да бидат нови."- Извадок на задната корица

Овој необичен роман за еден получовечен убиец е извондредна за сите што сакаат добар трилер испреплетен со надреална приказна.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Оф боже мене романот ми се допадна но филмот никако! Што знам можеби беше премногу за мене! Во секој случај супер статија!

    0 Like
  • Книгата сеуште не успеав да ја читам, ама знам дека филмот ме занеми - во негативна смисла.
    Добар маркетинг, добра презентација, ќе признаам. Ретроспектива на еден универзален, магичен рецепт.
    Да, иновативна приказна, генијалец по мирисен рецептор... но, сума сумарум - изопачена смисла за уметност.
    Непосредно пред крајот, индивидуалната сериско-болна пасија се претвора во масовен морален пад на личноста, сервирајќи промискуитет пред очите на светот.
    Наречете ме конзервативна, ама таквата слика воопшто не ми се допадна.

    Уметноста треба да го извлекува благородното од човека, а не неговите највалкани страсти..

    0 Like
  • Ива така е прикажан во книгата а верувам верно и во филмот :)
    Се спремам да го гледам деновиве посебно зошто станувам се поодушевена од глумата на Рикман :)

    0 Like
  • Искрено и мене ме остави оваа приказна запрепастена,како ги убиваше жените,не сфаќајќи дека тоа е погрешно и неморално...а уште пак и крајот...Рикман навистина добро го претстави монструмот,но сепак повеќе сакам книги и филмови во кои се опишуваат генијалци кои што направиле нешто корисно за општеството.но сепак добар статија Бојана поздрав :)

    0 Like
  • Najdobra adaptacija (barem od tie sto jas g imam gledano:))Sustinata na knigata e celosno dolovena, a glumecot vo glavnata uloga go dolovuva likot kompletno.

    0 Like
  • Kalina potpolno se soglasuvam so tebe i mislam deka filmot e potpolno usoglasen so knigata

    0 Like
  • А знае некој каде може да се најде книгата?

    0 Like
  • Цветанка книгата е во издание на Темплум, и цената е прифатлива чини само 315 денари, барем јас за толку ја купив. Сега не знам од кој град си но, секако по книжарите каде и да живееш можеш да ја најдеш. Поздрав :))

    0 Like
  • Претпоставувам дека книгата е добра,по коментарите па овие денови ќе ја купам. Прекрасна статија!

    0 Like
  • Секогаш книгата е подобра од филмот, но јас мислам дека овој пат не е така. Филмот е вистинско уметничко дело, иако тешко е да се сфати поентата на приказната ако не се прочита книгата.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter