Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Еден за пари - Џенет Иванович

Автор 
Оцена
(27 оцени)

Еден за пари - Џенет Иванович

Ова е првиот дел од серијалот Стефани Плам. Објавен е во 1995 година, а оттогаш досега ги има дури шеснаесет. Долго време се мислев дали да го ставам во трилер, акција, мистерија или комедија.

Насловот доаѓа од поговорката која е најдобро да ја напишам во оригинал: "One for the money, two for the show, three to get ready, and four to go."

Стефани Плам работи како откупувач на долна облека на големо. И еден ден добива отказ.

Останува без работа, без пари, колата и ја запленуваат за да ѝ ги наплатат долговите.

Како што е таа секогаш снаодлива, решава да стане ловец на уцени.

Лесна работа, го приведуваш типот, и оп, десет илјади долари по глава. Ама не е баш така лесно, луѓето кои треба да се приведат бегаат, често се вооружени и насилни.

А Стефани прво вели оп, па после скока.

Пиштолот го чува во садот за колачиња. Нема поим како се ловат уценети глави, па решава да побара помош од колегата-ловец Ренџер. А тука се и мама и тато и баба Мазур. Мама е совршена домаќинка, тато се прави дека никогаш ништо не забележува, а баба Мазур, па таа е приказна сама за себе.

Нејзината прва задача како тазе ловец на уцени е да се приведе Џо Морели, бивш полицаец во бегство од тужба за првостепено убиство. Потерата започнува... Серијалот Стефани Плам е толку популарен што во моментов се снима филм според него со Кетрин Хејгл во главната улога. Не знам колку таа ќе успее да го долови ликот на Стефани Плам бидејќи сите типуваа на Сандра Булок. Останува да се погледне филмот, и се разбира, да се прочита книгата.

Оригиналното англиско издание може да се набави во книжарниците низ градов.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Одлична статија Маринче..одамна книгава ми е симната од нет, како и уште неколку други дела од серијалоб..Богами Џенет навистина има богат опус..кога ли сите тие книги ќе ги прочитам?хехе. Поздрав и фала на препораката

    0 Like
  • Менди, другар, серијалот е супер, а имам прочитано само три дела. Побарај го и серијалот Metro girl. Ова се баш она женски трилери :)) Позз

    0 Like
  • Важи другар, сега ја читам Хелен Филдинг т.е. Оливија Џулс и премногу бујната фантазија, имам уште некои 80тина страници кои се надевам денеска ќе ги прочитам за да дадам комплетен коментар на твојата статија

    0 Like
  • ја купив ,па ќе видиме каква е

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter